• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Уставниот суд на Грузија го отфрли барањето за поништување на резултатите од парламентарните избори

Уставниот суд на Грузија го отфрли барањето за поништување на резултатите од парламентарните избори

Тбилиси, 3 декември 2024 (МИА) - Уставниот суд на Грузија денеска го отфрли барањето за поништување на парламентарните избори одржани на крајот на октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон, која е на власт од 2012 година.

Опозицијата смета дека изборите биле наместени и во последните денови организира проевропски демонстрации.

„Уставниот суд не ги прифати жалбите...со кои се бараше изборите од 26 октомври да се прогласат за неуставни“, соопштија од судот, прецизирајќи дека тоа е „конечна“ одлука.

Во Грузија од минатиот четврток секојдневно има протести поттикнати од одлуката на партијата Грузиски сон да ги одложи до 2028 година преговорите за пристапување во Европската унија, што е цел наведена во самиот Устав на земјата.сд/

фото:Уставен суд Грузија

Остани поврзан