• петок, 22 ноември 2024

Уставниот суд на БиХ привремено го суспендираше Изборниот закон на РС

Уставниот суд на БиХ привремено го суспендираше Изборниот закон на РС

Сараево, 24 јули 2024 (МИА) - Уставниот суд на Босна и Херцеговина донесе привремена одлука да го суспендира Изборниот закон на Република Српска бидејќи претставува закана за уставниот поредок на земјата.

Законот е суспендиран до донесување на конечната одлука, според жалбата на Денис Звиздиќ, првиот заменик-претседател на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, за оцена на уставноста на Изборниот закон на РС, соопшти денеска Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

„Одредбите на оспорениот закон регулираат прашања кои се веќе регулирани со Изборниот закон на БиХ, а на Републиканската изборна комисија во РС и се дадени овластувањата што ги има Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), а во исто време става одредени одредби од Изборниот закон на БиХ надвор од правна сила“, се наведува во судската одлука.

Уставниот суд заклучил дека „постојат валидни сомневања дека спорниот закон може да го наруши уставниот поредок и политичката стабилност на БиХ“, што, како истакнаа, бил еден од условите привремено да се суспендира Изборниот закон на РС. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан