• понеделник, 23 декември 2024

Уставниот совет на Франција не прифати распишување референдум за реформата на пензискиот систем

Уставниот совет на Франција не прифати распишување референдум за реформата на пензискиот систем

Париз, 4 мај 2023 (МИА) – Уставниот совет на Франција синоќа го отфрли последниот обид на опозицијата преку распишувае на референдум да се анулира владината реформа на пензискиот систем.

Вторпат Уставниот совет ја одбива опозицијата да го задржи старото законско решение за старосната граница за пензионирање на 62, а не на 64 години.

Дури и да помине новиот предлог на опозицијата, ќе има долг процес за негово спроведување и нема да го одложи стапувањето во сила на реформскиот закон на претседателот Емануел Макрон.

Уставниот советот утврди дека темата на опозицискиот предлог не е неопходна „реформа во однос на социјалната политика и затоа судиите сметаат дека таа ги исполнува условите“ утврдени со Уставот на Франција.

Опозициските пратеници, главно од левицата, сакаа да започнат сложен процес за ревизија на законот со надеж дека тоа ќе доведе до отфрлање на исклучително непопуларната пензиска реформа на Макрон, што беше усвоена минатиот месец и покрај огромните протести во земјата.

Со предлогот се бараше распишување референдум, а работа на Уставниот совет беше да утврди дали се исполнети законските услови за негово одржување. Доколку одговорот беше позитивен, опозицијата ќе имаше девет месеци да собере доволно гласови за распишување референдум, што е 4,8 милиони гласови или 10 отсто од регистрираните гласачи во Франција.

Сличен предлог опозицијата веќе достави до Уставниот совет, со тоа што сега го смени текстот. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан