• понеделник, 23 декември 2024

Успешно тестиран С-400 Триумф на Урал

Успешно тестиран С-400 Триумф на Урал
Москва, 19 октомври 2020 (МИА) - Рускиот одбранбен систем С-400 Триумф пристигна на Урал, каде што денеска, првпат по извршената модификација на оружјето, се одржаа проби, соопшти прес-службата на локалните власти. Производителот Алмаз-Антеј неодамна го измени системот за ПВО С-400 по третпат, една година пред крајниот рок, објави агенцијата ТАСС. Напредниот воен одбранбен систем е стациониран во регионот Свердловск на Урал. „С-400 Триумф користеше ракета Кабан како мета, на која вежбаше изменета верзија на противвоздушниот систем, удирајќи ја на надморска височина од 20 километри. Ова беше последниот тест и сега регионот на Урал го има С-400 во својот арсенал, се наведува во соопштението на прес-службата. С-400 Триумф се користи од 2007 година и е дизајниран да може да биде насочен кон авиони, водени ракети, балистички ракети и копнени цели. Може да гаѓа цели на оддалеченост до 400 километри, како и оние кои се на 30 километри надморска височина. паг/  

Остани поврзан