Успешен тест на првиот летачки автомобил во Јапонија (видео)
- СД-03 е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои осигуруваат „безбедност во итни случаи“.
Токио, 1 септември 2020 (МИА) - Јапонската компанија Скај драјв објави дека успешно го завршила пробното возење на својот летачки автомобил со луѓе во него.
Демонстрацијата се одржа на 25 август на полигонот на Тојота - еден од најголемите во Јапонија.
- Ние сме многу возбудени што го направивме првиот лет со автомобил со човечки екипаж, во Јапонија по само две години откако ја основавме Скај драјв - со цел за комерцијализација на ваквите летала, рече извршниот директор на компанијата Томохиро Фукузава.
https://www.youtube.com/watch?v=xA9ah0zf9MQ
СД-03 е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои осигуруваат „безбедност во итни случаи“.
„Сакавме ова возило да изгледа футуристичко, харизматично и пожелно за сите идни клиенти, со целосна интеграција на високата технологија на Скај драјв“, се вели во соопштението на компанијата.
Оттаму сѐ уште не објавиле продажна цена на возилото. си/