• понеделник, 23 декември 2024

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица во Лешочкиот манастир

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица во Лешочкиот манастир
Тетово, 27 август 2021 (МИА) – Православните верници од Тетовско и други места од државата вечерва присуствуваа на црковно-народниот собир во Лешок каде овие два дена се одбележува еден од најзначајните денови на Македонската Православна Црква Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Централната прослава на празникот во тетовско-гостиварската епархија и воедно одбележувањето на манастирската слава е во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок. Денес беше отслужена празнична Вечерна богослужба, а утре во 7 часот ќе започне Утрената богослужба и Светата литургија во 8 часот, информираат од манастирот. Лешочкиот манастир е најмасовно посетен за овој празник, а Успение на Пресвета Богородица се одбележува и во црквите во Тетово, Брезно, Џепчиште и месноста Ќелија во Теарце.ас/ир

Остани поврзан