• понеделник, 23 декември 2024

Усвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2023“ во Кавадарци 

Усвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2023“ во Кавадарци 

Кавадарци, 14 јули 2023 (МИА) - Со мнозинство гласови денеска Советот на општината Кавадарци ја усвои програмата за „Тиквешки гроздобер 2023“. За традиционалната манифестација се предвидени 10.595.086 денари. Општината ќе издвои пет милиони и триста илјади денари, а остатокот се планира да се обезбеди од излагачи, спонзори и донатори на Фестивалот.

На „Тиквешки гроздобер“ ќе настапат Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена. 

Програмата содржи карневалско дефиле, културни настани, изложба на олдтајмери, мото рели, таблијада, огномет. „Тиквешки гроздобер“ ќе се одржи од седми до десетти септември. 

- За време на фестивалот ќе се обрне внимание на тоа да се опфатат активности за сите генерации, со зачувување и негување на традициите и обичаите типични за Тиквешкиот лозаро - винарски регион, пишува во програмата. 

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун. свд/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан