• петок, 22 ноември 2024

Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона

Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона

Белград, 21 август 2024 (МИА) - Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан