• понеделник, 23 декември 2024

Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада

Ураганот Фиона го погоди источниот дел на Канада
Отава, 24 септември 2022 (МИА) - Бурата Фиона, пропратена со ургански ветрови денеска го погоди источниот дел на Канада, речиси една седмица откако разурна делови од Карибите. Брзината на ветрот достигна до 150 километри на час. Поради Фиона канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Јапонија, каде требаше да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе. ми/

Остани поврзан