• четврток, 04 декември 2025

Ураганот Мелиса попладнево треба да ја погоди Јамајка, тимовите за помош подготвени

Ураганот Мелиса попладнево треба да ја погоди Јамајка, тимовите за помош подготвени

Кингстон, 28 октомври 2025 (МИА) – Ураганот Мелиса попладнево треба да ја погоди Јамајка, откако во текот на неколку дена прерасна од тропска бура во ураган од петта категорија.

На почетокот на викендот Мелиса сè уште беше тропска бура, но помалку од 24 часа подоцна брзината на ветерот се зголеми на околу 225 километри на час. До вчера достигна петта категорија, придружена со предупредувања од метеоролозите дека последиците би можеле да бидат „катастрофални“ додека се приближува кон јужниот брег на Јамајка.

Моментално Мелиса има ветрови со брзина до 290 километри на час, но се очекува да почне да губи од силата додека се движи кон Куба.

Според сателитските прогнози на Zoom Earth, ураганот треба го стигне до источниот брег на Куба во раните утрински часови утре, со брзина на ветерот од околу 225 километри на час.

Организацијата World Central Kitchen (WCK), која обезбедува храна во подрачјата погодени од катастрофи, соопшти дека има тимови подготвени на Јамајка за помош во закрепнувањето по ураганот и за координација со локалните ресторани за да можат да послужат оброци штом бурата ќе помине.

Ова е втор пат како WCK делува на Јамајка по ураган – минатата година беше присутна за време на ураганот Берил, кога, според сопствени податоци, поделила повеќе од 43 илјади оброци. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан