• петок, 29 ноември 2024

Управните служби во МВР втора смена ќе работат до 19 часот

Управните служби во МВР втора смена ќе работат до 19 часот
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот.   Како што соопшти денеска МВР, ова е поради одлуката на Владата за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден. Сите граѓани, на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден, до 18:30 часот. Притоа потребно е да се почитува датумот на закажаниот термин. мд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан