• понеделник, 23 декември 2024

УПОЗ: Контиунирано и сериозно се кршат правата од работен однос во УЈП

УПОЗ: Контиунирано и сериозно се кршат правата од работен однос во УЈП

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Синдикатот на УПОЗ, како потписник на Колективниот договор во Управата за јавни приходи, денеска преку соопштение реагира на, како што велат, континуираното и сериозно кршење на правата од работен однос во оваа институција. 

Според УПОЗ, во оваа институција долг временски период се ограничуваат правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не се применуваат законските одредби и одредбите од Колективниот договор особено оние кои се однесуваат на начинот на пресметка на плата, додатоците на плата и други надоместоци од работен однос и се прават незаконски времени и трајни прераспоредувања на вработените.

Од Владата, Министерството за финансии и од УЈП бараат утврдување и исплата на додадок на плата од 30 проценти и за вработените во УЈП почнувајќи од јануари годинава и пресметувањето и исплатата на платата, надоместоците и додатоците на плата најитно да се усогласи и да се врши согласно Колективниот договор. Синдикатот бара и усогласувањето на платите да биде согласно порастот на индексот на трошоци на живот во случаи кога ќе надмине 10 проценти во споредба со претходниот месец, да се признава степенот на образование на вработените и да се прекине со временото распоредување на вработените и тоа да се користи во случаи и на начин како што е пропишано согласно законот и Колективниот договор.

- Време беше изворно да се слушне барем дел од вистината и за вработените во УЈП кои долги години на различни начини се обесправени во остварување на своите права од работен однос, велат од Синдикатот на УПОЗ, повикувајќи ги Државниот инспекторат за труд, Државниот завод за ревизија, Народниот правобранител и Комисијата за дискриминација да спроведат надзор по допрен глас во Управата за јавни приходи. бак/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан