• понеделник, 23 декември 2024

УНХЦР: Околу 100.000 бегалци во Тиграј ќе останат без храна

УНХЦР: Околу 100.000 бегалци во Тиграј ќе останат без храна
Женева, 27 ноември 2020 (МИА) - Речиси 100.000 еритрејски бегалци во етиопскиот регион Тиграј ќе останат без храна уште следната недела ако не запрат судирите и не се дозволи хуманитарна помош, соопшти денеска Агенцијата на Обединети навии за бегалци (УНХЦР). УНХЦР наведува дека 96.000 еритрејски бегалци кои побегнаа во Етиопија пред десет години живеа во четири кампови во Тиграј. Портпаролот на УНХЦР, Бабар Балоч истакна дека е потребен хуманитарен пристап до бегалците и оти ако тоа не се случи, тие од понеделник ќе останат без храна. Тој не прецизира кој го попречува пристапот до камповите, но наведе дека апелот се однесува и на етиописката армија и на бунтовниците од Народно ослободителниот фронт на Тиграј. ми/

Остани поврзан