• четврток, 07 ноември 2024

УНХЦР загрижена поради илјадниците мигранти заглавени во Централна Америка

УНХЦР загрижена поради илјадниците мигранти заглавени во Централна Америка
Мексико Сити, 24 април 2020 (МИА) - Канцеларијата за човекови права на Обединети нации упати апел до Владата на Мексико и до другите влади во Централна Америка да ја запрат депортацијата за време на пандемијата со новиот коронавирус. УНХЦР изрази загриженост поради илјадниците мигранти кои се заглавени откако државите ги затворија границите или локалното население одби да им дозволи влез. Според Високиот комесаријат на ОН за човекови права, околу 2.500 мигранти се заглавени во Панама откако Костарика ги затвори границите, а мигранти има и на границата помеѓу Хондурас и Ел Салвадор. Мексиканските власти мигрантите од Централна Америка ги одведоа до границата со Гватемала и таму ги оставија и покрај тоа што гватемалските власти не им дозволуваат транзит за да стигнат до своите домови. - Треба да се разгледа можноста за привремено стопирање на присилното враќање за време на пандемијата, посочи УНХЦР. ми/

Остани поврзан