• недела, 22 декември 2024

УНРВА: Потребен итен третман за повеќе од 50.000 деца во Газа поради акутна неухранетост

УНРВА: Потребен итен третман за повеќе од 50.000 деца во Газа поради акутна неухранетост

Газа, 15 јуни 2024 (МИА) - На повеќе од 50.000 деца во Појасот Газа им е потребен итен третман поради акутна неухранетост, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

УНРВА предупредува дека ситуацијата во Појасот Газа е катастрофална, иако нејзините тимови неуморно работат на пружање помош на семејствата.

Агенцијата посочува дека Палестинците во Појасот Газа гладуваат поради постојаните ограничувања на испораката на хуманитарна помош.

Речиси 37.300 Палестинци ги загубија животите во Појасот Газа, главно жени и деца, а речиси 85.200 се повредени од октомври минатата година, според Министерството за здравство на Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан