• сабота, 05 октомври 2024

УНРВА: Недостигот на гориво има катастрофални последици врз Појасот Газа

УНРВА: Недостигот на гориво има катастрофални последици врз Појасот Газа

Газа, 3 ноември 2023 (МИА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA) објави дека недостатокот на гориво има „погубни последици за болниците, пекарниците и погоните за вода“ во Појасот Газа.

„Залихите на гориво за здравствените установи ќе бидат целосно исцрпени за неколку дена, што го става во ризик обезбедувањето на здравствените услуги“, се наведува во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Оттаму додаваат дека оштетувањата врз водоводната и санитарната инфраструктура, како и ограничената достапност на горивото, создава дополнителни ризици за јавното здравје на жителите на Појасот Газа. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан