• понеделник, 23 декември 2024

Универзитетот во Кембриџ наесен почнува со клинички испитувања на вакцина против Ковид-19

Универзитетот во Кембриџ наесен почнува со клинички испитувања на вакцина против Ковид-19
Лондон, 26 август 2020 (МИА) - Универзитетот во Кембриџ планира наесен да ги започне клиничките испитувања за својата потенцијална вакцина против Ковид-19, откако за тој проект доби 1,9 милион фунти од британска Влада. За време на развојот на вакцината, научниците од Кембриџ ги користеле генетските секвенци на сите познати типови коронавирус за подобрување на имунолошкиот одговор во човечкото тело, за што, според нив, може да се избегне негативниот ефект на хиперинфламаторниот имунолошки одговор. „Нашата крајна цел е да развиеме вакцина која ќе штити не само од САРС-КоВ-2, туку и од други сродни коронавируси кои можат да се шират кај луѓето од животни“, рече еден од научниците вклучен во развојот на потенцијалната вакцина. паг/    

Остани поврзан