Унгарската опозиција води во предизборните анкети
- Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан заостанува во анкетите зад опозициската партија Тиса за седум проценти, а крајно десничарската партија Наша татковина би можела да влезе во Парламентот по изборите на 12 април.
Будимпешта, 3 февруари 2026 (МИА) - Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан заостанува во анкетите зад опозициската партија Тиса за седум проценти, а крајно десничарската партија Наша татковина би можела да влезе во Парламентот по изборите на 12 април.
Според анкетата објавена денеска од Институтот 21, централно-десничарската партија Тиса е поддржана од 35 проценти од сите гласачи, повеќе отколку според декемвриската анкета, кога имаше поддршка од 34 проценти од граѓаните.
Владејачката партија Фидес, според анкетата, спроведена од 28 јануари до 2 февруари, би добила 28 проценти од гласовите, споредено со 26 проценти во декември.
Кога ќе се земат предвид само гласачите кои знаат за кого ќе гласаат, 53 проценти од нив ја поддржуваат партијата Тиса, а 37 проценти ја поддржуваат Фидес, слично како во декември.
Покрај тие две партии, само Наша татковина ќе го помине прагот од пет проценти, според анкетата.
Ова е втора анкета оваа недела што покажува дека Тиса е пред владејачката партија и дека Наша татковина ќе освои доволно гласови за да освои пратеници, иако провладините агенции за истражување на јавното мислење предност му даваат на Фидес, пренесуваат светските агенции.
Орбан се соочува со својот најголем предизвик од убедливата победа на Фидес во 2010 година, иако исходот од изборите останува многу неизвесен поради големиот број неодлучни гласачи. рп/сд/
Фото: ЕПА