Унгарија ослободи 777 странци осудени за трговија со луѓе
Будимпешта, 31 мај 2023 (ИМА)- Унгарија во последните недели ослободи 777 странци, главно српски, романски и украински државјани, осудени за трговија со луѓе, соопштија властите.
Според нив, зад решетки има 2.636 лица, осудени за трговија со луѓе, од кои 808 се странски државјани кои подлежат на ослободување.
„Одржувањето на странските државјани кои отслужуваат казни во унгарските затвори чини милијарди форинти секоја година“, соопшти канцеларијата за издржување казни .
Оттаму додаваат дека ослободените имаат 72 часа да ја напуштат територијата на Унгарија од моментот кога ќе бидат ослободени, во спротивно доколку бидат фатени од унгарската полиција, ќе бидат вратени во затвор и ќе ја отслужат целата казна. зш/