• четврток, 07 ноември 2024

Умтити одбива да го напушти „Камп Ноу“

Умтити одбива да го напушти „Камп Ноу“
Барселона, 1 август 2020 (МИА) - Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити не сака трансфер и покрај желбата на раководството да го продаде. Францускиот дефанзивец има договор до 2023 година и инсистира на тоа да го исполни. Од „Камп Ноу“ имаат намера да се разделат со Умтити, кој никогаш не успеа да стане важна фигура во одбраната на „блаугранас“ низ годините. Тој многу често е измачуван од болка во коленото, што предизвика долги периоди на закрепнување. Светскиот шампион со Франција упорно одбива да биде подложен на операција. Каталонскиот клуб ќе се обиде да изврши притисок врз нивниот играч и да му објасни дека не е во плановите за новата сезона.

Тагови

Остани поврзан