• недела, 22 декември 2024

Уметничкиот директор на Берлинале ќе го напушти фестивалот по изданието во 2024 година

Уметничкиот директор на Берлинале ќе го напушти фестивалот по изданието во 2024 година

Берлин, 2 септември 2023 (МИА) - Актуелниот уметнички директор на годишниот филмски фестивал во Берлин, Карло Чатријан, ќе го напушти фестивалот по изданието следната година, објави денеска тој во лична изјава на веб-страницата на Берлинале.

-Мислев дека може да се олесни континуитетот доколку останам дел од фестивалот, но, во новата структура како што е претставена, сосема е јасно дека веќе не постојат услови за да продолжам како уметнички директор, се вели во соопштението. 

Во четвртокот, германската комесарка за култура Клаудија Рот објави дека Берлиналето повеќе нема да го води двојно раководство, туку еден уметнички директор.

Чатријан го режираше Берлиналето во последните години заедно со Мариет Рисенбек.

Набргу по фестивалот во 2023 година, беше објавено дека Рисенбек нема да го продолжи договорот како извршен директор.

-Двојното раководство допрва треба заедно да го заврши претстојното 74-то Берлинале, а новото раководство треба да ја преземе работата потоа, изјави во четвртокот портпаролот на Рот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан