• понеделник, 23 декември 2024

Уметничка акција „Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација“

Уметничка акција „Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација“

Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - „Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на денешната уметничка акција, посветена на проблемот со парното греење во Скопје.

Како дел од акцијата пингвини беа поставени на неколку локации низ Скопје и ги претставуваа Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови, со што нивните домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – Игла.

- Со овааа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија   е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема а тие да се чуствуваат како пингвини, стои во соопштението од Центарот за современи уметност.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи Уметности, и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија. свс/сп/

Остани поврзан