• петок, 22 ноември 2024

Уметницата Јана Борбала Панзов илустрираше македонски народни песни во Будимпешта

Уметницата Јана Борбала Панзов илустрираше македонски народни песни во Будимпешта

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Во Будимпешта e промовиран проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик!“ на младата уметница Јана Борбала Панзов, како дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик“.

- Во рамки на проектот, Јана илустрираше неколку македонски народни песни - „Македонско девојче“, „Јано мори“, „Севдалино“, „Зајко Кокорајко“, „Благуно дејче“, „Мори Пожаранче“, „Билјана платно белеше“. Илустрациите содржат стихови од песните на кирилско писмо и се аплицирани на торби, шолји, беџови, чадори. На промоцијата, унгарското музичко дуо „БудаПесме“ одржа целовечерен концерт на македонска народна музика, со акцент на илустрираните песни од Јана. Настанот предизвика огромен интерес кај унгарската публика, информира денеска во соопштение тимот на уметницата Борбала Панзов. 

Целта на проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик!“, како што се посочува, е да се поттикне креативноста на кирилското писмо и македонскиот јазик и запознавање на пошироката унгарска публика со македонските фолклор и традиција.

Во рамките на проектот, Јана илустрираше неколку македонски народни песни - „Македонско девојче“, „Јано мори“, „Севдалино“, „Зајко Кокорајко“, „Благуно дејче“, „Мори Пожаранче“, „Билјана плат

Јана е родена во 2009 година во Будимпешта, Унгарија.  Нејзината талентираност за цртање - сликање, графика, дигитална уметност, стои во соопштението, е потврдена на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија и Македонија. Таа е билингвален говорител, одлично ги зборува македонскиот и унгарскиот јазик, подеднакво добро употребувајќи ги писмата на двата јазика. Во 2022 година успешно го реализира проектот „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица!“ дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик!“ организирана од Министерството за култура на Македонија за кој изработи стикери за социјалните мрежи „Вибер“ и „Ватсап“ што постигнаа голема популарност кај младите и уште се актуелни во меѓусебната комуникација во Македонија. Ученичка е во средното - уметничко училиште „Имре Мадач“ во Вац, Унгарија. Дел од нејзините креации се објавени во списанието „Чудна шума“ - Скопје. Изработува и амигуруми со кои учествувала на неколку локални продажни изложби, се додава во соопштението.

„БудаПесме“ е унгарско музичко дуо составено од младите музичари Вероника Варга и Бенедек Рети. Нив ги интересира фолклорот од Балканот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. бд/лв/

Фото: Тим на Јана Борбала Панзов 

Остани поврзан