• четврток, 16 април 2026

Уметникот и продуцент Димитар Михајловски избран за директор на ЈОУ КИЦ Битола

Уметникот и продуцент Димитар Михајловски избран за директор на ЈОУ КИЦ Битола

Битола, 15 април 2026 (МИА) - Филмскиот уметник и продуцент Димитар Михајловски е избран за нов директор на Јавната општинска установа Културно информативен центар (КИЦ) Битола.

Михајловски дипломирал на Интернационалниот Универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ од Скопје, на факултетот за филмски уметности при што се стекнал со стручен назив филмски уметник – продуцент, а на раководната позиција во ЈОУ КИЦ Битола, Димитар Михајловски, доаѓа од НУ Народен Театар Битола. 

Во своето повеќе од 20 годишно работно искуство бележи реализација на голем број проекти, каде се јавува како продуцент и организатор на бројни театарски, филмски, музички и други културни настани, соопштија од Општина Битола, основач на ЈУ КИЦ Битола.мт/вј/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан