Умерен земјотрес регистриран во Турција
- Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Турција
Анкара, 21 јули 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Турција.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, стотина километри југозападно од Истанбул.
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул, како и во Бурса и Измир. ми/