• вторник, 05 ноември 2024

Умерен земјотрес на Исланд

Умерен земјотрес на Исланд
Рејкјавик, 11 ноември 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Исланд, во близина на вулканот Хекла. Нема инфорамции за евентуални жртви и причинета материјална штета. Геофизичарот Пал Еинарсон изјави дека земјотресот и секундарните потреси не се поврзани со движењето на магмата и не се закана за ерупција на вулканот Хекла. Вулканот Хекла е висок 1.491 метри и еден од најактивните вулкани на Исланд, а последен пат еруптираше во 2000 година. ми/

Остани поврзан