• сабота, 23 ноември 2024

Уличен театар, перформанс со живи скулптури во Кавадарци

Уличен театар, перформанс со живи скулптури во Кавадарци
Кавадарци, 2 септември 2020 (МИА) - Уличен театар,  перформанс со живи скулптури насловен ,,Ноќ во музејот”, беше за првпат  реализиран вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци, од страна на  Театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“. -Режијата е на Микица Илова, костимограф е Сара Милевска.  Стојанче Вангелов беше во улогата на каубоецот Док Холидеј, Ангел Милков беше Лименко, а Смилја Бошкова - Добрата вила, Сашко Орешков - Лумиер, Валерија Пашова - Снежната кралица, Микица Илова - Лошата вештерка, Диме Боцев и Диме Коцевски  беа како посетители на музејот, појаснија од Домот на културата. За време на перформансот,  беа поставени кутии за донација,  како помош за млад кавадарчанец кој се лекува во странство. свд/дма/

Остани поврзан