• понеделник, 23 декември 2024

Улицата ,,23 август" во Берово со нов лик

Улицата ,,23 август
Берово, 6 мај 2020 (МИА) - Заврши реконструкцијата на улицата „23 август" во центарот на Берово. Улицата е изградена со „коцка" како градежен материјал, кој според надлежните од општина Берово ќе го задржи препознатливиот сјај на централното градско подрачје.
-Водејќи грижа за локалните патишта и улици, неизоставен дел од програмите на општината, секогаш е централното градско подрачје, каде што деновиве привршува реконструкцијата на дел од улицата ,,23 Август”, која што и понатаму ја задржува коцката, како традиционален симбол на беровската инфраструктура, велат од ошштина Берово.
Со реализација на оваа активност,како што додава градоначалникот Звонко Пекевски, се зголемува безбедноста во сообраќајот и се подобрува патната инфраструктура во центарот на Берово.
-Улицата е реконстурирана на потегот од плоштадот „Димитар Беровски” до спој со улицата „Моша Пијаде". Оваа улица се наоѓа во срцето на Берово и е силен белег на беровската култура, со оглед на тоа што истата дополнително е украсена со неколку градби во стара архитектура. Беровчани често се навикнати тука да навратат, понекогаш дури и без некоја посебна причина, а исто така често го добива епитетот туристичка патека, бидејки нема кој бил во Берово, а да не поминал од овде, додаде Пекевски.
Од буџетот на општина Берово за 2020 година, за реконструкција на оваа улица се издвоени средства во висина од 600.000 денари. вс/ир

Остани поврзан