• четврток, 26 декември 2024

УК за Кардиологија: Салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи

УК за Кардиологија: Салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи

Скопје, 1 јули 2023 (МИА) - Универзитетска клиника за кардиологија ги демантира изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени и информира дека салите функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи.

- Во врска со изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени, УК за кардиологија ги демантира изнесените наводи. УК за кардиологија ве известува дека се има појавено вода во една од просториите и дека се е во најдобар ред и направени се итни интервенции, и салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи, се вели во соопштението од УК за Кардиологија.

Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека до ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории.

- До ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција, се вели во соопштението до медиуми од ЦУК. аа/

Фото: УК за Кардиологија/принтскрин

Остани поврзан