Украинското раководство ги објасни причините за бавниот напредок на контраофанзивата
- Украинското раководство го објасни бавниот напредок на долгонајавуваната контраофанзива со новата цел да ги истроши руските сили.
Киев, 5 јули 2023 (МИА) - Украинското раководство го објасни бавниот напредок на долгонајавуваната контраофанзива со новата цел да ги истроши руските сили.
„Во оваа фаза на активни непријателства, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на жива сила, опрема, складишта за гориво, воени возила, командни пунктови, артилериски и противвоздушни сили на руската армија“, напиша секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Олексеј Данилов на Твитер.
Тој додаде дека колку поефикасно е уништен непријателот, толку повеќе километри подоцна ќе бидат ослободени.
„Последниве денови беа особено плодни“, додаде Данилов.
Претходно, портпаролот на фронтот Таурија во јужна Украина, Валериј Шершен изјави дека украинската армија напреднала два километри, но не даде дополнителни информации.
Украина се брани од руската инвазија веќе 16 месеци. Украинската армија пред неполн месец започна контраофанзива на југот на земјата, која засега не ги исполни очекувањата за враќање на окупираните територии. паг/
Фото: ЕПА