Украински дронови оштетија цевковод и бродови во рускиот пристанишен град Таман во Црното Море
- „Според најновите информации, нападот со беспилотни летала во пристаништето Таман оштетил две пристаништа, еден од цевководите за снабдување и два танкера. На едниот од нив избувнал пожар, што веќе е изгаснат. Два резервоари за складирање биле исто така оштетени од падот на остатоци од дрон,“ се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми.
Таман, 22 декември 2025 (МИА) - Во напад на украински беспилотни летала врз руското пристаниште Таман во Црното Море, оштетени се две пристаништа, цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти денеска регионалната администрација на Краснодарската област.
„Според најновите информации, нападот со беспилотни летала во пристаништето Таман оштетил две пристаништа, еден од цевководите за снабдување и два танкера. На едниот од нив избувнал пожар, што веќе е изгаснат. Два резервоари за складирање биле исто така оштетени од падот на остатоци од дрон,“ се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми.
Службениците за цивилна заштита во јужниот регион Краснодар изјавија дека нападот во текот на ноќта бил насочен пристаништето Таман, клучната точка за испорака на нафта и течен природен гас (LNG).
Екипажите на погодените бродови биле евакуирани на безбедно место, додека пожарите на бродот и во пристаништето биле изгаснати, соопштија регионалните власти.
Украина систематски ја напаѓа руската нафтена и енергетска инфраструктура како дел од својата одбрана од руска инвазија.сд/мс/
фото:Принтскрин Википедија