• четврток, 18 јули 2024

Украински гранични служби: Полските камионџии блокираат клучна точка на украинската граница

Украински гранични служби: Полските камионџии блокираат клучна точка на украинската граница

Киев, 18 декември 2023 (МИА) - Полските возачи на камиони денеска ја продолжија блокадата на главниот граничен премин на украинско-полската граница, една недела откако беше укината, соопштија денеска украинските гранични служби.

-Денеска, по 15 часот (по локално време), полските транспортери започнаа протестни акции на приодите кон граничниот премин Дорохуск-Јагодин, изјавија граничните служби на Телеграм, повикувајќи се на информации од полските гранични власти.

Засега претставниците на украинските транспортни власти не коментираат. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан