• вторник, 05 ноември 2024

Украински градоначалник: Русите влегоа во Авдијивка, но беа потиснати

Украински градоначалник: Русите влегоа во Авдијивка, но беа потиснати

Киев, 24 јануари 2024 (МИА) - Руската армија за првпат успеа да влезе во украинскиот град Авдијивка, но беше потисната, изјави денеска градоначалникот Виталиј Барабаш.

„Диверзантските и извидничките групи влегоа во јужниот дел на Авдијивка, но беа потиснати“, изјави Барабаш.

Тој оцени дека ситуацијата е се уште „тешка, но под контрола“ и потврди дека Русите првпат влегле во тој клучен индустриски град во источниот регион Доњецк.

Руската армија неодамна ги засили нападите на тој дел од фронтот. паг/

Фото: Телеграм


  

Остани поврзан