• петок, 22 ноември 2024

Украински главен обвинител: Идентификувани се 310 потенцијални воени злосторници

Украински главен обвинител: Идентификувани се 310 потенцијални воени злосторници

Киев, 19 април 2023 (МИА) – Украинскиот главен обвинител Андриј Костин им рече на американските претставници дека неговата канцеларија регистрирала околу 80.000 случаи на потенцијални воени злосторства и оти до денес се осудени 31 Русин за воени злосторства во украинските судови.

Костин им посочи на членовите на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом дека неговата канцеларија исто така идентификувала 310 потенцијални извршители на злосторства и оти „завршил случаи против 152 потенцијални воени злосторници“.

Тој изјави дека некои предмети се водат во отсуство бидејќи ги идентификувале сторителите и имаат целосни докази, но сè уште чекаат да видат дали ќе ги фатат осомничените. Тој додаде дека наведените случаи „се малку подолги поради процедурални ограничувања“. Тој ја повика меѓународната заедница да сподели разузнавачки информации за да помогне во работата на неговата канцеларија во осудувањето наводни воени злосторници, истакнувајќи дека тие идентификувале уште илјадници, но немаат целосни докази за да ги осудат тие наводни криминалци. јт/

Фото: Твитер профил на Андриј Костин

Остани поврзан