• петок, 30 август 2024

Украинските сили ноќеска собориле 27 од 36 лансирани руски дронови

Украинските сили ноќеска собориле 27 од 36 лансирани руски дронови

Киев, 10 октомври 2023 (МИА) - Украинските сили изминатата ноќ собориле 27 беспилотни летала истрелани од руските сили на југот на Украина, јавија утринава украинските воени власти на Телеграм.

Русија лансираше 36 беспилотни летала од источниот дел на полуостровот Крим, што го анектираше во 2014 година, се додава во извештајот на украинските сили.

Руската војска, која на 24 февруари 2022 година ја почна својата инвазија врз Украина,  речиси секоја вечер напаѓа различни украински региони, користејќи беспилотни летала и проектили. сд/

Остани поврзан