Украинскиот парламент ја поддржа оставката на премиерот Шмихал
- Украинскиот парламент ја поддржа оставката на премиерот Денис Шмихал, што автоматски значи оставка на целата влада, објавија украинските медиуми.
Киев, 16 јули 2025 (МИА) - Украинскиот парламент ја поддржа оставката на премиерот Денис Шмихал, што автоматски значи оставка на целата влада, објавија украинските медиуми.
Оставката ја поддржаа 261 пратеник. Пред гласањето, Шмихал одржа говор во кој им се заблагодари на парламентот, владата и другите гранки на власта за нивната плодна соработка во текот на годините. Тој, исто така, зборуваше за своите главни достигнувања за време на неговото владеење.
-Ви благодариме за довербата... веруваме во Украина! Секогаш ќе му служам на украинскиот народ. Слава на Украина!, рече тој.
Се очекува парламентот утре да гласа за назначување на нова влада.
Првата вицепремиерка Јулија Свириденко е единствениот кандидат за водење на новата влада. мс/
фото: ЕПА