• сабота, 23 ноември 2024

Украинскиот енергетски систем стабилен, не се очекува потреба од увоз на електрична енергија

Украинскиот енергетски систем стабилен, не се очекува потреба од увоз на електрична енергија

Киев, 7 април 2024 (МИА) - Енергетскиот систем на Украина, кој беше силно погоден од руските воздушни напади во последните недели, сега е целосно стабилизиран и не се очекува да има потреба од увоз на електрична енергија, соопшти Министерството за енергетика во Киев.

Увозот на електрична енергија во Украина достигна рекордно високо ниво на крајот на март, откако серијата руски ракетни напади врз критичната инфраструктура предизвикаа прекини на струја во многу делови од земјата.

Од 22 март, руските сили речиси секојдневно ги напаѓаат украинските термо и хидроелектрични централи, како и важни електрични мрежи, што доведува до прекини на струја.

„Енергетскиот систем на Украина е стабилен и избалансиран“, се вели во денешното соопштение на Министерството.

Володимир Кудрицки, извршен директор на националната енергетска компанија Укренерго, минатата недела изјави дека руските напади предизвикале значителна штета на електроенергетскиот систем, но не се очекува целосен колапс. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан