• недела, 22 декември 2024

Украинска пратеничка: Песимисти сме околу преговорите со Русија

Украинска пратеничка: Песимисти сме околу преговорите со Русија
Киев, 29 март 2022 (МИА) – Украинската пратеничка Ина Совсун изјави дека Украинците се песимисти за мировните преговори што треба да се одржат денеска во Истанбул. - Многу се плашам дека ќе мора да се справиме со инвазијата со воени средства, рече Совсун, нагласувајќи дека секој договор со Русија во овој момент ќе го загрози територијалниот интегритет на Украина. - Украина доби значителна воена помош и благодарни сме за тоа. Државата најмногу добиваше противтенковско оружје, што им овозможи на украинските сили да уништат до половина од руските тенкови испратени во земјата, рече Совсун. Таа, исто така, ја нагласи потребата од друго оружје, како што е „оружје со долг дострел што може да се користи за уништување на артилеријата што сега убива луѓе во Мариупол“ и каква било опрема „која би помогнала да се заштити небото“. јт/

Остани поврзан