Украинска армија нападна два руски брода во Касписко Море
- Украинската армија на платформата Телеграм објави дека нападнатите бродови биле санкционирани од САД за транспорт на воен товар меѓу Иран и Русија
Киев, 12 декември 2025 (МИА) – Украински специјални сили во соработка со „локално движење на отпорот“, соопшти дека погодила два руски брода што превезувале оружје и воена опрема во Касписко Море.
Украинската армија на платформата Телеграм објави дека нападнатите бродови биле санкционирани од САД за транспорт на воен товар меѓу Иран и Русија.
Но, не е наведено колкава штета претрпеле руските бродови. ми/сд/
фото: МИА архива