• вторник, 24 декември 2024

Украинска авиокомпанија: Воопшто не се сомневавме во нашиот екипаж

Украинска авиокомпанија: Воопшто не се сомневавме во нашиот екипаж
Киев, 11 јануари 2020 (МИА) - Претседателот на украинската компанија „Интернешнал ерлајнз“ денеска соопшти дека никогаш не верувал оти екипажот на нивниот авион „Боинг 737-800“, кој е соборен над Техеран, предизвикал уривање, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Тој ја даде изјавата откако утрово иранските власти признаа дека патничкиот авион во средата „ненамерно бил соборен“ од иранската војска. - Ниту една секунда не се сомневавме дека нашиот екипаж и авион предизвикале таква страшна авионска несреќа. Тоа беа нашите најдобри луѓе. Најдобри, нагласи претседателот на авиокомпанијата. Меѓу загинатите во несреќата биле 11 Украинци, вклучувајќи девет членови на екипажот. гт/

Остани поврзан