• вторник, 17 декември 2024

Украина ја обвини Русија за ширење дезинформации кои имаат за цел да ги поделат западните сојузници

Украина ја обвини Русија за ширење дезинформации кои имаат за цел да ги поделат западните сојузници

Киев, 27 февруари 2024 (МИА) - Украинските власти денеска ја обвинија Русија дека спроведува кампања за дезинформации чија цел е да ги подели украинските сојузници и да го „деморализира“ украинското општество пред да „нанесе пораз“ на бојното поле.

Русија започна „план за саботажа, информативни операции и провокации“ со цел да ја „намали западната поддршка“ за Киев, објавија украинските безбедносни служби.

„Главните цели на непријателот се да ја наруши мобилизацијата на Украина, да шири дезинформации за неспособноста на Украина да победи, да создава и шири лажни информации за наводниот умор за Украина меѓу нашите партнери и сојузници“, се вели во соопштението.

Русија се обидува да ги „деморализира Украинците, да сее паника меѓу населението, да забие клин меѓу армијата и цивилите“ и да организира бран антивладини протести, тврдат украинските служби.

Според нив, таа „специјална операција“ која треба „да го достигне својот врв од март до мај“ има за цел „да ја доведе во прашање легитимноста“ на Володимир Зеленски, избран во 2019 година за петгодишен мандат кој теоретски треба да заврши на пролет.

Уставот на Украина забранува какви било избори за време на вонредна состојба, која е во сила во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, кога околу 20 отсто од територијата на земјата беше окупирана.

Милиони украински гласачи се бегалци во странство, но никој од нив не верува дека отсуството на гласање ќе го направи Зеленски нелегитимен претседател, се вели во соопштението.

„Според планот на непријателот, во текот на првата половина на јуни ситуацијата во нашата земја ќе биде дестабилизирана“ и Русија „ќе го искористи тоа за да и нанесе воен пораз на Украина на исток“, додаваат украинските служби. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан