• вторник, 25 јуни 2024

Украина: Убивме 20.900 руски војници од почетокот на инвазијата

Украина: Убивме 20.900 руски војници од почетокот на инвазијата
Киев, 20 април 2022 (МИА) - Украина информираше дека од почетокот на руската инвазија, убиени се 20.900 руски војници. Ова се наведува во новиот извештај за руските загуби за време на инвазијата. Украинците тврдат дека досега срушиле 171 авион, 150 хеликоптери, уништиле 815 тенкови, 2.087 оклопни транспортери, 391 артилериски систем, 136 повеќецевни ракетни фрлачи, осум бродови, 76 цистерни со гориво. Овие информации не се потврдени од независен извор. бд/

Остани поврзан