• понеделник, 23 декември 2024

Украина тврди дека руски сили оштетиле нуклеарна централа, но нема истекување радијација

Украина тврди дека руски сили оштетиле нуклеарна централа, но нема истекување радијација
Киев, 5 август 2022 (МИА) - Украинската нуклеарна агенција соопшти дека руски проектили оштетиле дел од големата нуклеарна централа што сега е под руска контрола, но дека нема истекување радијација. Во соопштение се наведува дека еден блок и високонапонскиот далновод се оштетени во нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, лоцирана на југот на Украина, јави Би-Би-Си. Локалните претставници назначени од Русија ја обвинија Украина за гранатирањето. Украина, исто така, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни области од локацијата. зш/

Остани поврзан