• понеделник, 23 декември 2024

Украина соопшти дека нападнала нафтена постројка во градот Луганск, окупиран од Русија

Украина соопшти дека нападнала нафтена постројка во градот Луганск, окупиран од Русија

Киев, 4 декември 2023 (МИА) - Украинската армија денеска соопшти дека еден ден претходно нападнала нафтени бази во украинскиот град Луганск, кој е под руска контрола.

Украинските сили извршија „успешен удар“, напиша на Телеграм Одделот за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина, без да бидат наведени повеќе детали.

Претходно денеска руски медиуми објавија дека украински војници со беспилотни летала нападнале нафтена база во областа. Според информациите на властите назначени од Русија, по нападот во областа избувнал пожар, но тој бил изгаснат.

Украинската новинска агенција Укринформ јави дека безбедносните служби на Украина уништиле магацин за муниција и оклопни возила во близина на градот Сватов во областа Луганск. ссм/

фото: архива

Остани поврзан