Украина поврати 20 километри квадратни од Русите кај Бахмут
- Украина денеска објави дека повторно зазела 20 километри квадратни северно и јужно од Бахмут додека руските трупи продолжуваат да напредуваат во самиот град, епицентарот на борбите.
Киев, 16 мај 2023 (МИА) - Украина денеска објави дека повторно зазела 20 километри квадратни северно и јужно од Бахмут додека руските трупи продолжуваат да напредуваат во самиот град, епицентарот на борбите.
„Во последните денови нашите војници ослободија околу 20 километри квадратни на северната и јужната периферија на Бахмут. Во исто време, непријателот напредува во самиот Бахмут, целосно уништувајќи го градот со артилерија“, напиша украинскиот заменик министер за одбрана Гана Малијар на Телеграм.
И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија ги анектираше тие региони, но не презеде целосна контрола над областа.
Руската армија денеска потврди дека во текот на ноќта извршила ракетен напад врз воени објекти во Украина, тврдејќи дека ги „погодила сите цели“, додека украинските сили претходно денеска соопштија дека ги собориле сите руски ракети. паг/
Фото: МИА архива