Украина од Шведска ќе доби ПВО системи „Тридон Мк2“
- Украина ќе добие модерни системи за противвоздушна одбрана „Тридон Мк2“ од Шведска, како помош ви борбата против дроновите „Шахед“, соопшти денеска украинското Министерство за одбрана
Киев, 6 април 2026 (МИА) – Украина ќе добие модерни системи за противвоздушна одбрана „Тридон Мк2“ од Шведска, како помош ви борбата против дроновите „Шахед“, соопшти денеска украинското Министерство за одбрана.
„Тридон Мк2“ е мобилен систем за противвоздушна одбрана со среден дострел, а првпат е претставен во 2024 година.
Според украинското Министерство за одбрана, „Тридон Мк2“ е систем опремен со автоматски топ „Бофорс 40 Мк4“ од 40 милиметри, способен да погоди цели на растојание до 12 километри, со брзина на истрелување до 300 куршуми во минута.
Шведската за набавката на „Тридон Мк2“ ќе издвои 400 милиони евра, што е една третина од новиот пакет воена помош во висина од 1,2 милијарди евра што Стокхолм го најави во февруари. ми/ссм/
фото: Икс