• недела, 22 декември 2024

Украина објави список на руски војници кои ги смета одговорни за злосторствата во Буча

Украина објави список на руски војници кои ги смета одговорни за злосторствата во Буча
Киев, 5 април 2022 (МИА) - Украинската разузнавачка служба објави список за кој се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча. Списокот, објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана, вклучува имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници. Покрај тоа стои порака: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторствата извршени врз цивилното население на Украина“. гт/

Остани поврзан