Укината забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка
- Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/
Фото: МИА архива