Укината забраната за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
- Од 12:00 часот денеска е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Од 12:00 часот денеска е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Поради врнежи од снег, на овој патен правец од 9:45 часот беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила. мд/дма/