• сабота, 06 декември 2025

УЕФА ја намали суспензијата на Дијаз

УЕФА ја намали суспензијата на Дијаз

 

Нион, 6 декември 2025 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) делумно ја усвои жалбата која минхенски Баерн ја поднесе на суспензијата за својот напаѓач Луис Дијаз и му ја намали казната од три на два натпревари.

УЕФА првично на колумбискиот фудбалер му изрече суспензија од три натпревари поради црвениот картон што му беше покажан во победата од 2-1 над европскиот првак ПСЖ во Лигата на шампионите минатиот месец.

Дијаз беше двоен стрелец на натпреварот пред да биде исклучен на почетокот на второто полувреме поради груб прекршок врз фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими. Ден подоцна, ПСЖ соопшти дека Хакими го повредил левиот глужд и оттогаш мароканскиот дефанзивец нема настап за клубот од Париз.

Дијаз ќе го пропушти домашниот натпревар на Баерн во Лигата на шампиони против Спортинг Лисабон во вторник, но би можел да се врати во составот за дуелот против белгиски Унион Сен Жил. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан